Компанијата АДРА ЕНЕРЏИ од самото основање во 2019 година пред себе имаше само една цел – задоволството на своите купувачи. Водејќи се од тоа, креиравме продажен асортиман кој ги содржи најквалитетните производи потребни за опремување на купатила и кујни. Ние сме застапници на познатиот бренд Minotti, чија приказна запознала во 1999 година со визија светските стандарди во опремувањето на купатилата да ги понуди на пазарот. Голем дел од нивната работа се напорите да ги соединат технолошките иновации, широкиот асортиман и врвниот дизајн со примена на најнови трендови и така да се оствари крајната цел – задоволството на купувачите.
Посветеноста на квалитетот на секој внимателно одбран производ кој е дел од нашата понуда ја зацврсти довербата кај купувачите, а со константна работа насочена кон развој на производството и проширувањето на понудата го постави брендот Minotti на лидерско место во увоз и дистрибуција на опрема за купатила не само во Србија, туку и на целиот балкански полуостров.
Горди сме што дел од нашиот асортиман освен на сопствениот заштитен бренд Minotti, го сочинуваат и други премиум брендови, кои представуваат дел од нашата фамилија, а со својот квалитет и дизајн ги пренесуваат вредностите на кои компанијата е основана.
И денес, после толку години работа и предизвици, сакаме секоја ваша идеја да стане реалност и затоа кај нас можете да ги пронајдете најдобрите решенија кои ќе го направат вашиот простор модерен и пријатен.
Продажната програма се состои од неколку стотини артикли со истакнат дизајн, материјали и функционалност на купатилски и кујнски батерии во склад со последните трендови, како и производи од санитарна керамика, купатилска галантерија, опрема за купатило и резервни делови, достапни во сите подобро опремени салони и железари низ државата.